WIZZ AIR ПРОГЛAСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА – Лет од Скопје пренасочен во Брисел

Покасно пристигна информацијата за причината за прогласувањето на вонредната состојба од надлежните служби.

WIZZ AIR ПРОГЛAСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА – Лет од Скопје пренасочен во Брисел
Фото: Принтскрин

Авион на авиокомпанијата Wizz Air, кој утрово полетал од Скопје кон Париз, прогласил вонредна состојба околу два часа по полетувањето додека се наоѓал над Луксембург, според специјализирани сервиси за следење летови.

Станува збор за лет W64719, управуван од авион Airbus A321neo. Екипажот одлучил да го пренасочи летот кон аеродромот Брисел-Шарлроа, каде што авионот безбедно слетал околу 7:30 часот по приближно два часа и 15 минути во воздух.

Податоците од системот за следење летови Flightradar24 покажуваат дека наместо во Париз, авионот слетал во Брисел.

Покасно пристигна информацијата за причината за прогласувањето на вонредната состојба од надлежните служби.

Пилотите побарале итно слетување на бриселскиот аеродром Шарлоа откако екипажот прогласил вонредна состојба во текот на летот поради влошена здравствена состојба на патник со цел да му се укаже лекарска помош.

CATEGORIES
TAGS
Share This