ВУЧИЌ ПРЕДУПРЕДУВА Без американска лиценца за НИС, Србија на работ на катастрофа

Се проецнува дека цените на горивата и инфлацијата би експлодирале, економијата би трпела сериозни последици.

ВУЧИЌ ПРЕДУПРЕДУВА Без американска лиценца за НИС, Србија на работ на катастрофа
Фото: Принтскрин

Претседателот Александар Вучиќ предупреди дека одбивањето на американската лиценца за НИС може да предизвика катастрофални поседици за Србија.

Во таков случај би дошло до прекини во работењето на банкарскиот систем и плаќањата на граѓаните, загрозување на здравствениот систем, особено итната медицинска помош, прекини во снабдувањето со храна и основни производи, проблеми во производството на електрична енергија и функционирањето на топланите, ограничување на безбедноста и транспортот, и раст на цените на горивата, намалување на економскиот раст и сериозни последици за целокупната економија.

„НИС е најголемиот трговец на големо со гориво, а многу мали бензински пумпи зависат од него. Ако мораме да увезуваме гориво, тоа ќе ја зголеми инфлацијата и ќе предизвика дополнителни економски проблеми. Особено ќе биде погодена повластената цена на дизелот за земјоделците, која моментално е 25 динари пониска од стандардната цена за граѓаните. Сето тоа ќе влијае на економскиот раст и на целокупната економија на Србија“, предупреди претседателот.

Вучиќ истакна дека сè уште има време да се добие лиценца денес и утре, а заканата ќе важи само ако САД ја одбијат.

CATEGORIES
TAGS
Share This