ВРХОВНИОТ СУД ЈА УКИНА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА ЗА ВАСИЛ ЈОВАНОВ Предметот се враќа во Апелација

Врховниот суд ја укина пресудата со која Васил Јованов беше осуден на 3 години и 10 месеци затвор за поседување марихуана и кокаин.

ВРХОВНИОТ СУД ЈА УКИНА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА ЗА ВАСИЛ ЈОВАНОВ Предметот се враќа во Апелација

Причина за укинувањето е процесна повреда – Апелациониот суд не ги известил ниту обвинетиот ниту неговиот бранител за седницата на која се разгледувала жалбата, и покрај нивното барање.

„Со ова постапување на Апелациониот суд повредени се одредбите на кривичната постапка, правото на еднаквост на оружјата и правото на правично судење“, се наведува во одлуката на Врховниот суд, донесена на 5 мај.

Претходно, Апелација ја преиначи одлуката на Основниот кривичен суд, кој на Јованов му изрече воспитна мерка за поседување 24 грама марихуана и 0,24 грама кокаин, и наместо тоа, му изрече затворска казна. Таа пресуда подоцна беше земена како отежнителна околност во случајот со трагичната сообраќајка на булевар „Партизанска“, во која загина 22-годишната Фросина Кулакова.

Врховниот суд сега го врати предметот на повторно одлучување во Апелациониот суд, кој е должен да одржи јавна седница со присуство на сите страни во постапката.

Само ден по објавувањето на оваа одлука, Јованов беше осуден на 12 години затвор за причинетата сообраќајна несреќа, со образложение дека и покрај претходните прекршоци и кривични дела, не покажал покајание и продолжил со опасно однесување, што резултирало со фатален исход.

CATEGORIES
TAGS
Share This