ВРЕМЕТО ИСТЕКУВА – Подигнете го вашиот ваучер до 17 април или пропуштате шанса
Еве како да добиете клима уред без да платите дополнително.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека процесот на подигнување ваучери за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика.
Од вкупно 4.070 доделени ваучери, од 18 до 25 март 2026 година веќе се подигнати 2.084, што претставува повеќе од половина од вкупниот број.
Според податоците од меѓуопштинските центри за социјална работа, заклучно со 25 март, до 18:00 часот, интересот кај граѓаните продолжува континуирано да расте, а процесот се реализира ефикасно и без застои.
Министерството потсетува дека Списокот на граѓани кои остварија право на ваучери и списокот на компании со кои може да се набават клима уредите е објавен на официјалната веб-страница на Министерството. Ваучерите можат да се подигнат во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината каде што живеат, најдоцна до 17 април 2026 година. На веб-страницата се достапни сите информации за потребната документација и постапката. По подигнувањето, ваучерите се искористуваат кај компаниите со кои Министерството има склучено договори, за набавка и вградување на инвертер клима уреди.
Станува збор за финална фаза од Јавниот оглас за 2025 година, во рамки на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија, каде право на поддршка имаа домаќинства кои ги исполниле условите.
Ваучерот овозможува Набавка и вградување на инвертер клима уред со моќност од 3,5 kW и најмалку енергетска класа А+. Вредност е до 28.000 денари, без дополнителна доплата. Искористување на ваучерот е најдоцна до 15 октомври 2026 година.
Министерството продолжува со интензивна реализација на мерките за поддршка на ранливите категории граѓани, со цел намалување на трошоците за енергија и подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата.


