ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ДЕНЕСКА Сончево со мала до умерена облачност,

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ДЕНЕСКА Сончево со мала до умерена облачност,

По облачното утро, денеска во земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието ќе биде повремено засилен, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринските температури се движат од 2 до 12 Целзиусови степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 15 и 22 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 21 степен.

Според УХМР, стабилното и релативно топло време ќе продолжи до вторник, а од среда се очекува промена на временската состојба со услови за локални врнежи од дожд и пад на дневните температури.

CATEGORIES
Share This