ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ДЕНЕС Облачно со повремени локални врнежи од дожд

Како што ќе одминува денот, облачноста постепено ќе се зголемува, а кон вечерните часови и за време на ноќта на повеќе места се очекуваат локални и повремени врнежи од дожд.
Температурите ќе варираат во широк интервал зависно од регионот. Утринските минимални вредности ќе се движат од –4 до 4 степени, додека дневните максимални температура ќе достигнат меѓу 6 и 15 степени. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, кој на одделни локации може и да засилува.
Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време со слаб јужен ветер. Температурите во текот на денот ќе се движат од околу 0 степени наутро до приближно 11 степени преку ден.
CATEGORIES Македонија


