Сообраќајот на државните патишта во земјава во понеделникот наутро се одвива непречено и по суви коловози, информираат од АМСМ.
На патниот правец Битола-Прилеп, сообраќајот е нормализиран од 07:27 часот, при што возилата се пропуштаат наизменично.
Во текот на денот се очекува зголемен интензитет на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини. На граничните премини од македонска страна, засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата.
Посебно внимание се препорачува на патиштата низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност за појава на одрони. Ова особено се однесува на делниците Катланово–Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.
Во сила е и сезонскиот режим на сообраќај. Патниот правец Охрид-Ресен, преку Националниот парк „Галичица“, е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тони.