ВОЗАЧИ СО АЛКОХОЛ ВО КРВТА Приведени над 20 возачи во само една недела

ВОЗАЧИ СО АЛКОХОЛ ВО КРВТА Приведени над 20 возачи во само една недела

Во текот на оваа недела, над 20 возачи беа приведени, при што 19 од нив управувале возила под дејство на алкохол. Од 6 до 9 октомври 2025 година, полициските служби спроведоа редовни сообраќајни контроли низ целата земја, при што беа издадени вкупно 2.131 платен налог. Од нив, 411 се однесуваат на возачи кои не ја почитувале дозволената брзина.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 21 лице беше лишено од слобода за безобзирно управување со возило, од кои 19 за возење под дејство на алкохол, а двајца за возење со брзина над дозволената во населено место. Дополнително, евидентирани се 642 прекршоци за неправилно паркирање, 237 случаи на возачи без возачка дозвола и 22 санкции за возење под дејство на алкохол.

Во рамките на контролите, санкционирани се и седум возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, како и 66 пешаци. Исто така, 132 учесници во сообраќајот не ја почитувале обврската за носење појас. Според Законот за возила, 54 возила беа отстранети од сообраќај поради нерегистрираност, а 33 поради техничка неисправност. Понатаму, 28 возачи беа санкционирани за неисполнување на условите за затемнување на стаклата на возилата.

Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописи за да се обезбедат побезбедни патишта.

CATEGORIES
Share This