ВОНРЕДНА ВЕСТ ОД ЛИПКОВО 37-годишна жена исчезна, започната е итна потрага

Во Липково, 37-годишна жена исчезна, а полицијата веднаш реагираше на пријавата која беше поднесена на повикувачкиот број за итни случаи 112. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), жената последен пат била видена во атарот на селото Ваксинце.
По добиената пријава, полицијата побарала помош за ангажирање на дронови за да се интензивира потрагата. „По барање на полицијата, беше побарано ангажирање на дронови во потрагата. Од страна на Центарот за управување со кризи (ЦУК), веднаш беше информирано Министерството за внатрешни работи (МВР) со цел да се вклучат дронови во акцијата за пребарување“, изјавија надлежните.
Потрагата по исчезнатата жена продолжува, а локалната заедница е загрижена за нејзината судбина. Сите информации и напори се насочени кон нејзиното брзо пронаоѓање.


