ВОЛТСТРИТ ЏУРНАЛ Трамп размислува за нови напади врз Иран, но засега предност има дипломатијата

Американскиот претседател разгледува воени опции, но не сака да ги загрози преговорите за иранската нуклеарна програма.

ВОЛТСТРИТ ЏУРНАЛ Трамп размислува за нови напади врз Иран, но засега предност има дипломатијата
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп во последните денови ја разгледува можноста за продолжување на воените операции против Иран, но сè уште нема донесено конечна одлука за започнување нова воена кампања, објави „Волстрит џурнал“.

Според весникот, Трамп добил повеќе предлози од највисоките воени претставници за продолжување на операциите со цел, како што се наведува, „да се заврши работата“. Сепак, засега смета дека обновувањето на конфликтот би можело сериозно да ги наруши шансите за дипломатско решение околу иранската нуклеарна програма.

Извори за „Волстрит џурнал“ тврдат дека американскиот претседател е подготвен да им даде шанса на индиректните преговори меѓу САД и Иран, кои се одвиваат со посредство на Катар. Преговорите, според информациите, треба да продолжат до истекот на рокот од 60 дена, односно до 18 август.

Во исто време, администрацијата во Вашингтон не ја исклучува можноста за ограничени воени напади врз ирански цели доколку Техеран ги прекрши условите од привремениот договор. Според истиот извор, такви прекршувања веќе биле регистрирани во неколку наврати.

Иако воената опција останува на маса, моменталниот фокус на Белата куќа е насочен кон дипломатски напори со цел да се постигне договор што ќе спречи понатамошна ескалација на кризата.

CATEGORIES
Share This