ВОДОВОД ИНФОРМИРА: Дел од Центар денеска без вода

ВОДОВОД ИНФОРМИРА: Дел од Центар денеска без вода

Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ информира дека денеска без вода ќе останат жителите на улицата „Јосиф Јосифовски Свештарот“ во општина Центар, поради изведување на водоводен приклучок на број 34.

Како што наведуваат од претпријатието, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот наутро, а нормализација се очекува по завршување на работните активности.

Од Водовод апелираат граѓаните од засегнатото подрачје да обезбедат потребни резерви на вода за пиење и домаќинство до повторното воспоставување на редовното водоснабдување.

CATEGORIES
Share This