ВОДОВОД ЌЕ САНИРА ДЕФЕКТ Без водоснабдување дел од улицата „Наум Наумовски Борче“

ВОДОВОД ЌЕ САНИРА ДЕФЕКТ Без водоснабдување дел од улицата „Наум Наумовски Борче“

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека денеска ќе има прекин во водоснабдувањето на дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ поради интервенција на терен.

Како што информираат од претпријатието, прекинот ќе започне во 9:00 часот и е предизвикан од дефект на приклучна водоводна цевка со дијаметар од 2 инчи кај број 27 на истата улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности, по што ќе се воспостави нормален доток на вода.

CATEGORIES
Share This