ВОДАТА ВО СКОПЈЕ БЕЗБЕДНА ЗА ПИЕЊЕ Испитани 422 примероци од 45 мерни места
Водовод и канализација“ со неделен извештај: Сите анализирани примероци одговараат на пропишаните стандарди за квалитет и безбедност.

Фото: Принтскрин
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, со цел навремено информирање на граѓаните.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 10 до 14 август 2026 година земал вкупно 211 примероци за физичко-хемиска и исто толку примероци за микробиолошка анализа.
Испитувањата биле спроведени на 45 мерни места на територијата на Град Скопје.
Според добиените резултати, сите анализирани примероци ги исполнуваат барањата за безбедност и квалитет на водата за пиење, согласно Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење („Службен весник на РМ“ бр. 183/18).
Од „Водовод и канализација“ уверуваат дека водата од скопскиот водоснабдителен систем е безбедна за пиење.
CATEGORIES Македонија

