ВОЈНАТА СО ИРАН МОЖЕ ДА ЗАВРШИ- Нема повеќе цели за напад, вели Трамп

Трамп најавува можен крај на војната со Иран, но американските и израелските сили се подготвуваат за уште две недели операции

ВОЈНАТА СО ИРАН МОЖЕ ДА ЗАВРШИ- Нема повеќе цели за напад, вели Трамп
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денес објави дека американските сили уништиле 28 ирански поставувачи на мини, пренесува Ројтерс.

Трамп додаде дека војната со Иран би можела наскоро да заврши, бидејќи, како што рече, „речиси и да нема повеќе цели за напад“. Сепак, американските и израелските претставници истовремено соопштија дека се подготвуваат за најмалку уште две недели воени операции, пренесува Трамп за Axios.

„Сме многу пред распоредот. Предизвикавме многу поголема штета отколку што мислевме дека е можно, дури и во рамките на првично планираниот шестнеделен период“, изјави Трамп.

CATEGORIES
TAGS
Share This