ВОЈНА ВО УКРАИНА-1199. ДЕН Русија одби украински напад со дронови врз Москва
Во текот на ноќта руските системи за противвоздушна одбрана соборија 174 украински беспилотни летала и три наведувани ракети Нептун-МД, соопшти руското Министерство за одбрана.

Русија соопшти дека успешно го одбила украинскиот напад врз Москва, при што беа соборени 10 беспилотни летала кои се приближуваа кон главниот град.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, потврди дека воздушната одбрана уништила и дополнително едно беспилотно летало. Ограничувањата за летови на московските аеродроми Внуково, Домодедово и Жуковски, воведени поради нападот, веќе се укинати.
Во регионот на Белгород, утрово беше пријавена експлозија на железничката пруга, што предизвика излетување од шините на дизел локомотива. Гувернерот Вјачеслав Гладков изјави дека, според првичните информации, причина за инцидентот е поставена експлозивна направа под шините. Во несреќата нема жртви, а железничкиот сообраќај во регионот сега се одвива според распоредот.
Во руската област Енгелс, пожар избувна во индустриска фабрика по напад со дрон, при што, засега, нема жртви, јави гувернерот на Саратовската област, Роман Бусаргин.
Во текот на ноќта руските системи за противвоздушна одбрана соборија 174 украински беспилотни летала и три наведувани ракети Нептун-МД, соопшти руското Министерство за одбрана.
Од друга страна, украинските власти јавуваат за жртви и материјална штета од руски напади. Во Киев загинаа најмалку четири лица, а 20 беа повредени во ноќните напади, при што е оштетена енергетската и железничката инфраструктура. Градоначалникот Виталиј Кличко потврди дека 16 повредени лица се хоспитализирани.
Во западниот град Луцк, руските сили извршија ракетно и беспилотно гранатирање, при што е погодена станбена зграда, а пет лица се повредени. Луѓето од погодените згради се евакуирани и им е укажана медицинска помош.
Кремљ најави дека одговорот на украинските напади ќе следи кога руската војска ќе го оцени тоа како соодветно. Претседателот Владимир Путин во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека ќе следи одмазда, и покрај тоа што американскиот лидер оцени дека разговорот бил позитивен, но не довел до моментален мир.
Од украинска страна се водат преговори со американските претставници за можни чекори кон примирје, но украинскиот претседател Володимир Зеленски истакнува дека нема мировни иницијативи што Русија не би ги отфрлила.
Москва нагласува дека ќе продолжи да поддржува работни контакти со Киев, но оцени дека украинскиот режим стекнал карактеристики на „режим на преображба“.


