ВО МНТ ПРОМОВИРАНА МОНОГРАФИЈАТА „МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР 1945-2025: ДРАМА, ПРИКАЗНИ ПОГОЛЕМИ ОД ВРЕМЕТО“ Книгата претставува колективна меморија за МНТ

На промоцијата се обратија и министерот за култура Зоран Љутков, драматургот Дејан Дуковски и актерот Ѓорѓи Јолевски.

ВО МНТ ПРОМОВИРАНА МОНОГРАФИЈАТА „МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР 1945-2025: ДРАМА, ПРИКАЗНИ ПОГОЛЕМИ ОД ВРЕМЕТО“ Книгата претставува колективна меморија за МНТ

Во Македонскиот народен театар беше промовирана монографијата „Македонски народен театар 1945–2025: Драма, приказни поголеми од времето“, по повод 80 години од постоењето на институцијата. В.д. директорот Никола Кимовски истакна дека книгата не е само збир на факти, туку колективна меморија за МНТ како простор на слободна мисла, вистина и уметничка храброст.

Монографијата обединува текстови од бројни истакнати автори, актери и режисери, а главна уредничка е Ивана Јарчевска, која нагласи дека изданието нуди емотивно и наративно патување низ историјата и духот на театарот. На промоцијата се обратија и министерот за култура Зоран Љутков, драматургот Дејан Дуковски и актерот Ѓорѓи Јолевски. Настанот е дел од јубилејната програма „80 години МНТ“, која продолжува со премиера на сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“.

CATEGORIES
Share This