ВО ИГРА 90 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА УКРАИНСКА ОДБРАНА – Нови планови по средбата во Вашингтон

Како дел од истиот пакет, Зеленски откри дека се разгледува и производство на беспилотни летала во Украина, дел од кои ќе бидат купени од САД. Тој нагласи дека засега станува збор за дискусии и дека не е постигнат официјален договор

ВО ИГРА 90 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА УКРАИНСКА ОДБРАНА – Нови планови по средбата во Вашингтон
Фото: Принтскрин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп и европските лидери во Белата куќа вклучувале планови Украина да набави американско оружје во вредност од 90 милијарди долари, преку европско финансирање, како дел од идните безбедносни гаранции.

Како дел од истиот пакет, Зеленски откри дека се разгледува и производство на беспилотни летала во Украина, дел од кои ќе бидат купени од САД. Тој нагласи дека засега станува збор за дискусии и дека не е постигнат официјален договор.

Претходно, „Фајненшл тајмс“ објави дека Украина би можела да се обврзе да купи американско оружје во износ од 100 милијарди долари, финансирани од Европа, како дел од договорот за безбедносни гаранции од Вашингтон по евентуален мировен договор со Русија.

Весникот, повикувајќи се на документ, наведува и предлог за заеднички договор од 50 милијарди долари за производство на беспилотни летала со украински компании. Киев веќе доставил предлози за нови безбедносни договори со САД и ги споделил со европските сојузници пред средбата во Белата куќа.

Иако во документот не се наведува конкретно какво оружје би се набавувало, Киев инсистира на набавка на најмалку 10 системи за воздушна одбрана „Патриот“, како и дополнителни ракети и опрема.

Началникот на Здружениот штаб на американската армија, генерал Ден Кејн, со својот тим веќе работи на дефинирање можни безбедносни гаранции за Украина. Американски воен извор за CNN потврди дека подготовките се одвиваат во рамките на самитот во Белата куќа.

Слични разговори, додава истиот извор, се водат и во европските влади, но засега нема објавени детали за тоа кои би биле конкретните форми на американско учество.

CATEGORIES
TAGS
Share This