ВО ЌЕЛИЈАТА НА ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА ОНКОЛОГИЈА ПРОНАЈДЕНИ ТРИ МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ – Тој тврди дека не се негови

Васев и поранешниот организациски директор Нехат Нухи се обвинети за злоупотреби, фиктивни тендери и проневера од речиси 36 милиони евра во периодот 2018–2022 година.

ВО ЌЕЛИЈАТА НА ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА ОНКОЛОГИЈА ПРОНАЈДЕНИ ТРИ МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ – Тој тврди дека не се негови

Пред почетокот на денешното судење за случајот „Онкологија 2“, судијката Славица Наумовска Јосифовска информираше дека Затвор Скопје при контрола во притворската келија на поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев, пронашол и одзел три мобилни телефони.

Обвинетиот Васев изјави пред Судот дека кај него не бил одземен телефон и дека пронајдените уреди не се негови.

Васев и поранешниот организациски директор Нехат Нухи се обвинети за злоупотреби, фиктивни тендери и проневера од речиси 36 милиони евра во периодот 2018–2022 година. Обвинението наведува дека со незаконски набавки на лекови и преку фиктивни постапки, тие нанеле значителна штета на државниот буџет.

CATEGORIES
Share This