ВНИМАНИЕ, СКОПЈАНИ Утре повеќе населби остануваат без струја, на некои места и по шест часа
Исклучувањата започнуваат уште во 04:30 часот и ќе опфатат населби, села и повеќе скопски улици. Проверете го деталниот распоред за да не бидете изненадени.

Жителите на повеќе скопски населби и околните села утре, 6 ноември, ќе останат без електрична енергија поради најавени прекини во снабдувањето. На некои локации прекинот ќе трае и до шест часа, а дел од исклучувањата ќе започнат уште во раните утрински часови.
Според најавениот распоред, од 04:30 до 05:30 часот без струја ќе бидат Маџари, Сингелиќ, Трубарево, Јурумлери, Арачиново, Стајковци, Камник, Хиподром и индустриската зона во Маџари.
Од 08:30 до 11:30 часот прекин во снабдувањето ќе има на дел од улиците „Лазар Поп Трајков“ и „16-та Македонска бригада“.
Жителите на делови од селото Мршевци ќе останат без електрична енергија од 08:55 до 12:55 часот.
Најдолгиот прекин е најавен од 09:00 до 15:00 часот, кога без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „Христо Татарчев“ бр. 24.
Од 09:15 до 13:15 часот прекин ќе има во Брњарци, ЗИК Краварство, Давос, Арс Комерц и Еуролес.
Последниот прекин е планиран од 12:00 до 15:00 часот и ќе опфати делови од улиците „Габреш“, „Лазар Поп Трајков“ и „Ташко Караџа“.
Од надлежните информираат дека прекините се поради планирани интервенции во трафостаниците, чистење и проверка на опремата, како и реконструкција на електродистрибутивната мрежа.

