ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ ТРЕБА ДА НАУЧАТ – Во правна држава за криминал одговара секој без разлика на националноста

Обвинувањата дека институциите на државата водат етнички мотивирани истраги се не само срамни, туку и опасни

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ ТРЕБА ДА НАУЧАТ – Во правна држава за криминал одговара секој без разлика на националноста

Обвинувањата дека институциите на државата водат етнички мотивирани истраги се не само срамни, туку и опасни.

Ниту една етничка заедница не е цел, цел се поединци осомничени за криминал.

Не се водат истраги против Албанци, туку против функционери на ДУИ за кои има сериозни индиции за криминални дејствија.

ДУИ сака да создаде конфликт таму каде што има само правда. Но, времето на недопирливите заврши.

Во правна држава, каква што сакаме да градиме, треба да одговара секој кој ја злоупотребил својата службена положба – без разлика дали зборува македонски, албански или турски.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи криминалот да се маскира како етничко прашање. Напротив, ние градиме еднаква држава за сите – со правосудство што гони криминал, не етничка припадност.

CATEGORIES
Share This