Пет години претседателот Мицкоски и десетици други, биле предмет на незаконски следења и прислушување од страна на безбедносните служби под контрола на СДС.
5 години СДС и ДУИ грубо ги прекршувале законите и ги злоупотребувале институциите.
АНБ и АР биле во служба на политичката мафија, додека ЈО и Љупчо Коцевски дејствувале и работеле во интерес СДС и ДУИ и прикривање на криминалот.
Неопходно е ЈО да престане да ги штити антидемократските структури на СДС и ДУИ.
ЈО да започне да работи во интерес на владеење на правото и правдата и враќање на довербата во институциите, во спротивно довербата на народот во правосудството од 2 проценти ќе биде нула.
Коцевски да започне да работи, бидејќи и самиот е виновен и директно одговорен за минимум довербата во правосудните органи.
Одговорност мора да има.
ЈО да даде одговор кој стои зад наредбите на АНБ и АР? И кој се е дел од оваа мрежа на незаконско следење?



