ВЛЕН СО ЖЕСТОК НАПАД – Открива дека пријатели на Бујар Османи се организатори на просрпски собири

Од ВЛЕН велат дека ДУИ нема кредибилитет да зборува за српско влијание, потсетувајќи на улогата на партијата во проектот „Отворен Балкан“.

ВЛЕН СО ЖЕСТОК НАПАД – Открива дека пријатели на Бујар Османи се организатори на просрпски собири
Фото: Принтскрин

ДУИ е последната партија што има морално право да зборува за српско влијание. Токму тие го донесоа „Отворен Балкан“ во Северна Македонија проект што му одговараше на Александар Вучиќ, го заобиколуваше Косово и се обидуваше српската доминација во регионот да ја претстави како „економска соработка“.

Наместо денес да прават политички театар и да вперуваат прст кон ВЛЕН, од ДУИ треба јавно да одговорат за сопствените политички релации и блискост со личности како Владимир Стајиќ,  име што се поврзува со организирање собири за поддршка на Вучиќ. Албанците заслужуваат да знаат кој е тој човек, какви се неговите врски со Бујар Османи и зошто кругови блиски до ДУИ се наоѓаат покрај организатори на просрпски собири.

ВЛЕН нема да прифаќа лекции од партија што патриотизмот го претвори во семеен бизнис, а албанското прашање во средство за политички пазарења. Кога се на власт тргуваат. Кога ја губат власта шират паника дека „албанштината е загрозена“.

Ние сме против секое српско влијание и против секој обид Северна Македонија да се оддалечи од евроатлантскиот пат. Но исто така сме против дволичната политика на ДУИ, политика што преку ден се претставуваше како патриотска, а навечер правеше договори на штета на Албанците.

ДУИ нема проблем со „српскиот свет“. ДУИ има проблем само кога граѓаните ќе ги потсетат дека „Отворен Балкан“ не го донесе ВЛЕН, туку токму тие, луѓето што се среќаваа со Вучиќ во Охрид, го испраќаа до Свети Наум и потоа целиот проект им го продаваа на Албанците како „регионално партнерство“.

CATEGORIES
Share This