ВЛЕГОЛ ВО ДВОРОТ НА СУДИЈАТА И МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ Обвинителството реагира против лице од село Вруток

ВЛЕГОЛ ВО ДВОРОТ НА СУДИЈАТА И МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ Обвинителството реагира против лице од село Вруток
Фото: Основен суд Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен предлог против едно лице, осомничено за сериозни закани упатени кон судија од Основниот суд во Гостивар, информираа од обвинителството.

Инцидентот се случил на 29 април во селото Вруток, кога обвинетиот, според наводите, се приближил до семејниот дом на судијата, влегол во дворот и започнал да го навредува и да му се заканува по живот и тело. Заканите биле изречени на висок тон, а осомничениот споменал и наводна поврзаност со судска постапка што се води.

Како што наведуваат од обвинителството, заканите биле директно поврзани со извршувањето на службените обврски на судијата, кој постапувал во рамки на своите законски овластувања. По инцидентот, обвинетиот го напуштил местото.

Против лицето е покренато обвинение за кривично дело „Загрозување на сигурноста“ по член 144 став 4 во врска со ставовите 3 и 1 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител истовремено побара продолжување на мерката притвор, која претходно му беше изречена на обвинетиот, поради опасност од повторување на делото и влијание врз сведоци.

Случајот предизвика реакција во јавноста, со оглед на тоа што се работи за директен напад врз независноста и безбедноста на судската власт.

CATEGORIES
Share This