ВЛАДАТА ПРОДОЛЖУВА СО КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ – Пуштена во употреба обиколница во Крива Паланка

Македонија продолжува да се развива како раскрсница на два европски коридори

ВЛАДАТА ПРОДОЛЖУВА СО КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ – Пуштена во употреба обиколница во Крива Паланка
Фото: Принтскрин

Денеска присуствував на пуштањето во употреба на реконструираната обиколница во Крива Паланка.

Ова е значаен проект на Коридор 8, кој е продолжение на експресниот пат Страцин-– Крива Паланка и обезбедува патна врска со граничниот премин Деве Баир, главна врска со Република Бугарија, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.

Како Влада, продолжуваме да се фокусираме на реализацијата на капиталните инвестиции. Македонија е практично раскрсница на два многу важни европски коридори – Коридор 8 и Коридор 10. Патното, железничкото и енергетското поврзување претставуваат приоритет за нашата Влада, а резултатите од растот на БДП го потврдуваат тоа.

Ќе продолжиме со остварувањето на овие приоритети, а јас очекувам многу скоро сето тоа за што зборувавме речиси две години од мандатот на оваа Влада да биде реализирано, напиша Мицкоски.

CATEGORIES
Share This