(ВИДЕО) ТЕПАЧКА ПРЕД ФИНАЛЕТО Полицијата интервенираше

Двете навивачки групи влегле во физичка пресметка во центарот на Лајпциг.

(ВИДЕО) ТЕПАЧКА ПРЕД ФИНАЛЕТО Полицијата интервенираше
Фото: Принтскрин

Вечерва во Лајпциг, Германија, екипите на Кристал Палас и Рајо Ваљекано го одиграат финалето во Лигата на Конференции.

Во пресрет на натпреварот, само неколку часа пред почетокот, во центарот на градот и во фан зоната на англиските навивачи дошло до инцидент и физичка пресметка меѓу двете навивачки групи.

Според германската полиција, приведени се две лица, а во инцидентот полесни повреди добиле двајца полицајци.

CATEGORIES
Share This