(ВИДЕО) ПАНИКА ВО ТЕЛ АВИВ – Две експлозии и густ црн чад над градот
Според извештаите на Ал Арабија, на едната локација бил забележан запален магацин од кој се издигал густ чад.

Во близина на израелскиот град Тел Авив се издигнал густ чад од две различни локации откако биле слушнати силни експлозии, непосредно по предупредувањата дека се лансирани ракети од Иран, објавува Ал Арабија.
Според извештаите, сирените за воздушна опасност се огласиле низ градот, а експлозиите се слушнале кратко по нивното активирање.
Израелската служба за итна медицинска помош соопшти дека екипите извршиле проверка на локациите од каде што пристигнале пријавите за експлозии, но засега не се пронајдени повредени лица.
Според информациите, на една од локациите во близина на автопат бил забележан густ црн чад кој се издигал кон небото, а првичните снимки покажуваат објект што наликува на запален магацин.
Екипите на службите за итни случаи веднаш излегле на терен, додека безбедносните сили ја обезбедуваат областа.
Претходно, Израел соопшти дека детектирал ракети лансирани од Иран кон територијата на Израел, по што во Тел Авив бил активиран системот за предупредување од воздушни напади.
🇮🇷🇮🇱 Iranian missile strikes central Israel. https://t.co/eD62jFTKqN pic.twitter.com/4MHkDQhHtG
— Md.Sakib Ali (@iamsakibali1) March 13, 2026


