(ВИДЕО) КАБЕЛО: НЕМА ПАНИКА – Народот на Венецуела ќе победи
Венецуела нападната од САД во раните утрински часови и хаос на улиците, но еден од лидерите Кабело тврд: Народот е подготвен

Капетан Диосдадо Кабело, потпретседател во Венецуела за политика, безбедност на граѓаните и мир, се огласи по воениот напад извршен од САД врз Венецуела во саботата, 3 јануари 2026 година.
„Нема паника, никој не смее да очајува. Не смееме да му олесниме на непријателот. Народот знае што да прави“, рече Кабело.
Тој додава дека моментално не се знае каде се претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес.
Тој истакна дека зад секој од лидерите стои организиран народ, подготвен да се справи со ситуацијата, и ги повика граѓаните да имаат доверба во политичко-воената команда на Венецуела.
„Тие кукавички нападнаа мирна земја. Она што се обидоа да го постигнат со бомби и ракети, го постигнаа само делумно. Народот не падна во хаос“, рече Кабело, кој е и министер за внатрешни работи, правда и мир.
Кабело исто така го осуди нападот врз цивилни згради и ја повика меѓународната заедница да не стане соучесник во, како што рече, „убиствата на цивили“.
„Да внимаваме на провокации и да не паднеме во очај. На крајот, народот на Венецуела ќе излезе победник. Да живее татковината! Никогаш предавници!“, изјави Кабело.


