(ВИДЕО) ДРАМА ВО МОГАДИШУ – Патнички авион слета на плажа и заврши во вода

Авионот на StarSky при итно слетување ја напушти пистата и заврши на плажа покрај аеродромот

(ВИДЕО) ДРАМА ВО МОГАДИШУ – Патнички авион слета на плажа и заврши во вода
Фото: Принтскрин

Денеска на меѓународниот аеродром „Аден Аде“ во Могадишу се случи сериозен инцидент кога патнички авион од типот „Фокер 50“ излета од пистата при слетување и заврши на плажата покрај брегот, делумно во водата, објави порталот Garowe Online.

Авионот, во сопственост на локалната авиокомпанија StarSky, летал од Могадишу кон Галкаи, но кратко по полетувањето пријавил технички проблеми. Пилотите побарале и добиле дозвола за итно враќање и слетување на аеродромот.

По контактот со пистата, авионот ја изгубил контролата, скршнал од неа, го поминал крајниот дел и се урнал на песочната плажа веднаш до аеродромската зона.

Во авионот се наоѓале 55 патници и членови на екипажот, а според официјалните информации, сите биле успешно евакуирани без сериозни повреди, благодарение на брзата реакција на спасувачките служби.

Фотографиите од местото на несреќата го прикажуваат авионот како лежи на брегот, веднаш надвор од оградата на аеродромот. Аеродромските операции биле привремено прекинати додека траела интервенцијата и обезбедувањето на теренот.

Надлежните служби започнаа истрага за утврдување на причините за инцидентот.

CATEGORIES
TAGS
Share This