(ВИДЕО) ЦИА ГИ СЛЕДЕЛА ДВИЖЕЊАТА НА ХАМНЕИ – Внатрешен шпион или разузнавачка мрежа
Принцот Мохамед бин Салман ги охрабрувал САД да нападнат Иран, предупредувајќи дека земјата ќе стане посилна ако не се дејствува веднаш.
Извештаите велат дека Израел имал поддршка и од Саудиска Арабија. Принцот Мохамед бин Салман повеќепати телефонски разговарал со Доналд Трамп, охрабрувајќи го САД да извршат напад врз Иран, предупредувајќи дека ако не се дејствува веднаш, Иран ќе стане посилен.
ЦИА со месеци го следела ајатолахот Али Хамнеи, бележејќи ги неговите движења и навики. Американската агенција дознала за неговото присуство на средбата во саботата и ја пренела информацијата на Израел. Врз основа на тоа, САД и Израел го усогласиле времето на нападот, кој започнал во средината на денот.
Првично, иранските власти тврделе дека Хамнеи е евакуиран и жив, но подоцна државните медиуми признале дека е убиен.
Не е јасно дали информациите дошле од надворешен шпион во внатрешниот круг на Хамнеи. САД располагаат со широк спектар на разузнавачки капацитети: воздушно и вселенско извидување, електронска поддршка, пресретнување на комуникации и човечки ресурси.
САД ги таргетирале воените цели со крстосувачки ракети, системи HIMARS и беспилотни летала во операцијата „Епски гнев“. Израел ги нападнал ракетните депоа и клучните функционери а користел и сајбер напади: апликација за молитва била хакирана за да ги деморализира војниците, а државната новинска агенција IRNA била искористена за ширење на пропагандни пораки.
Последната објава на сметката на Хамнеи покажала фигура со меч Зулфикар, симбол поврзан со Али ибн Аби Талиб. По извештаите за неговата смрт, соработникот Али Лариџани се заканил:
„Ќе ги натераме ционистичките криминалци и бесрамните Американци да се покаат за своите постапки“.
Израел објави дека практично го уништил военото раководство на Иран. Ликвидираните функционери вклучуваат командантот на Револуционерната гарда, Мохамад Пакпур, секретарот на Советот за безбедност, Али Шамхан и министерот за одбрана, Азиз Насирзаде.
Иранската агенција Фарс јави дека и членови на семејството на Хамнеи загинале во нападите.
Според проценките на ЦИА, новиот лидер би можел да биде од тврдото крило на Револуционерната гарда, но структурата можеби нема да биде толку обединета, што отвора можност за пукнатини во режимот. Трамп ги повика Иранците да го искористат вакуумот во власта:
„Ова е најголемата можност за иранскиот народ да ја врати својата земја“.
Иран останува во шок, а Хамнеи бил само втор врховен лидер во историјата на режимот а можеби и последен.
Footage circulating online appeared to show smoke rising in central Tehran after a reported strike near Iran’s Supreme Leader’s office complex. pic.twitter.com/f3ac9a0jOf
— Iran International English (@IranIntl_En) February 28, 2026


