ВАЖНО ЗА РОДИТЕЛИТЕ ОД МВР Продолжено работно време за издавање дозволи за деца за патување
Целта е да се намалат гужвите и да се забрза постапката.

Фото: Национал
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните, особено родителите, дека и оваа година, како и претходната, ќе биде зголемено работното време за издавање на „Одобрение за патување во странство за малолетни лица“ (деца до 14 години), поради очекуваниот поголем обем на барања.
Шалтерот во Одделението за управни работи Скопје, кој се наоѓа во зградата на МРТВ, ќе работи од понеделник до петок од 08:00 до 18:00 часот. Дополнително, услугата ќе биде достапна и во сабота, од 08:00 до 12:00 часот, со цел навремено и ефикасно да се одговори на потребите на граѓаните.
CATEGORIES Македонија
