ВАСИЛИЈА ПЕТРОВА ИМ ПЕЕШЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЧЕСТ НА ЈАНЕ САНДАНСКИ Во Бугарија барања да и се одземе државјанството

На културниот дел од настанот настапи бугарската пејачка Василија Петрова, чиј настап предизвика бурни реакции во бугарската јавност.

ВАСИЛИЈА ПЕТРОВА ИМ ПЕЕШЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЧЕСТ НА ЈАНЕ САНДАНСКИ Во Бугарија барања да и се одземе државјанството

Во Мелник, Пириснка Македонија, вчера се одржа народен собир по повод 110-годишнината од смртта на Јане Сандански, на кој присуствуваа Македонци од сите делови на Македонија, припадници на ОМО „Илинден – Пирин“, како и гости од Македонија и други земји.

Меѓу присутните беа и високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски и пратениците Драган Ковачки и Никола Мицевски како и делегација на Единствена Македонија предводена од претседателот Јанко Бачев.

На културниот дел од настанот настапи бугарската пејачка Василија Петрова, чиј настап предизвика бурни реакции во бугарската јавност. Како што пренесува „Топпреса“, дел од јавноста во Бугарија ја обвини Петрова за „предавство“ поради нејзиното учество на собирот, при што пеела обвиткана во знамето на Република Македонија и симболот на Вергина.

„Ја повикуваме Василија да се откаже од бугарското државјанство! На Бугарија не ѝ требаат предавници кои јавно ја навредуваат честа на нашите револуционери и националната гордост“ – стои во реакцијата објавена од „Топпреса“.

Исто така, повеќе групи на социјалните мрежи повикуваат да ѝ се одземе државјанството на пејачката.

CATEGORIES
TAGS
Share This