ВАРДАР ЈА ПРЕГАЗИ БЕНФИКА И обезбеди осминафинале во ЕХФ лигата

Со 6 освоени бодови, Вардар е на врвот во Групата 3 и во последното коло ќе се бори за првата позиција на гостувањето кај Мелсунген.

ВАРДАР ЈА ПРЕГАЗИ БЕНФИКА И обезбеди осминафинале во ЕХФ лигата

Двократниот европски првак повторно ја крена публиката на нозе. Во фантастична атмосфера во СЦ „Јане Сандански“, Вардар 1961 убедливо ја надигра Бенфика со 33-27 (15-14) и го потврди местото во осминафиналето од Европската лига на ЕХФ, обезбедувајќи и подобар меѓусебен биланс.

По неизвесни први 30 минути, вардарци во второто полувреме целосно го презедоа ритамот со цврста одбрана и брзи транзиции. Јака Малус блесна со 9 погодоци, Вукашин Воркапиќ беше максимално прецизен (8/8), додека голманите дадоа значаен придонес.

Со 6 освоени бодови, Вардар е на врвот во Групата 3 и во последното коло ќе се бори за првата позиција на гостувањето кај Мелсунген. Европските возбудувања продолжуваат во Скопје.

CATEGORIES
Share This