УТРИНСКА СВЕЖИНА, ДНЕВНА ТОПЛИНА – До 32 степени денес

Во текот на денот времето ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Во ноќните часови ќе преовладува ведро време.

УТРИНСКА СВЕЖИНА, ДНЕВНА ТОПЛИНА – До 32 степени денес
Фото: Принтскрин

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ова неделно утро, 15 јуни, во целата територија на Република Македонија преовладува значително свежо, но ведро и сончево време. Најниската утринска температура е измерена во Лазарополе и изнесува само 6°C.

Во текот на денот времето ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Во ноќните часови ќе преовладува ведро време.

Дневните температури ќе се движат меѓу 25 и 32°C.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло, со слаб до умерен северен ветер, кој повремено ќе засилува во делови од котлината. Максималната температура во главниот град ќе достигне околу 31°C.

CATEGORIES
Share This