Услови за преземање содржини

Информациите кои се пласираат на Порталот „Национал“ се обезбедуваат преку сопствената редакција како и од неколку медиумски издавачи од регионот (преку регулирани договори за соработка/авторски права). Фотографиите и видеата се користат од сопствените извори како и од други платени сервиси.

Бесплатно преземање содржини од НАЦИОНАЛ надвор од овие услови е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Порталот Национал, односно со одговорниот уредник.

Дозволено е бесплатно преземање на вести, колумни и други написи од Порталот Национал под следните услови:

  • дозволено е да се преземе наjмногу 30% од содржината на текстот;
  • на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (обjави) линк до оригиналниот текст на Национал;
  • ако текстот е потпишан од конкретен автор од Порталот Национал, во преземениот текст задолжително треба да се наведе и името на авторот;
  • насловот на текстот задолжително треба да започне со зборот Национал и со интерпункцискиот знак две точки;
  • дозволено е да се преземат најмногу пет содржини дневно;
  • Преземање видеа и фотографии е дозволено само во договор со одговорниот уредник на Национал.

Тој што ќе објави содржина (вест, извештај или друг напис) надвор од условите за бесплатно преземање е согласен на издавачот на НАЦИОНАЛ да му исплати надомест од 12.000 денари за една содржина.

Тој што ќе објави колумна надвор од условите за бесплатно преземање е согласен на издавачот на НАЦИОНАЛ да му исплати надомест од 12.000 денари за една колумна. Издавачот таа сума целосно ќе му ја исплати на авторот на колумната.

Тој што ќе објави видео или фотографија надвор од условите за бесплатно преземање е согласен на издавачот на НАЦИОНАЛ да му исплати надомест од 12.000 денари за едно видео или една фотографија. Издавачот таа сума целосно ќе му ја исплати на авторот.

За прекршувања на овие услови, издавачот на НАЦИОНАЛ го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.

Горенаведеното не важи за содржини и фотографии кои НАЦИОНАЛ ги презема од платените сервиси како и од наведените медиумски издавачи од регионот.