УШТЕ ПЕТ ДЕНА КАМПАЊА ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ Коалициите ги презентираат своите ставови

Првиот круг на изборите се одржа на 19 октомври и е завршен во 43 општини, додека повторување на гласањето ќе има во Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа поради недоволна излезеност.

УШТЕ ПЕТ ДЕНА КАМПАЊА ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ Коалициите ги презентираат своите ставови

Политичките партии имаат уште пет дена за да ги претстават кандидатите и да договорат можни коалиции пред вториот круг од локалните избори, што ќе се одржи в недела, на 2 ноември.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Брвеница изјави дека партијата нема да го поддржи кандидатот за градоначалник од коалицијата „Вреди“, Хаќим Рамадани, оценувајќи ја неговата реторика како „голема грешка“ и себичен потег што ќе има последици во повеќе општини.

Од СДСМ, претседателот Венко Филипче најави дека одлуката за можни коалиции ќе биде донесена во наредните два дена, нагласувајќи дека етничката припадност нема да биде фактор при одлучувањето.

Во меѓувреме, завршува рокот за пријавување на лицата во домашен притвор, кои ќе гласаат еден ден пред изборите, на 1 ноември, заедно со затворениците, болните и лицата во старските домови.

Првиот круг на изборите се одржа на 19 октомври и е завршен во 43 општини, додека повторување на гласањето ќе има во Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа поради недоволна излезеност.

CATEGORIES
Share This