УШТЕ ЕДЕН ВАГОН СЕ ВРАЌА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРУГИ Ново засилување за железницата

Станува збор за вагон од серијата Bm, кој располага со 11 купеа и вкупно 66 седишта, а може да развие максимална брзина од 160 километри на час.

УШТЕ ЕДЕН ВАГОН СЕ ВРАЌА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРУГИ Ново засилување за железницата
Фото: Принтскрин

Уште еден патнички вагон наскоро ќе се вклучи во железничкиот сообраќај во земјава, откако успешно беше сервисиран од работниците на Македонски железници – Транспорт.

Веста е соопштена денска и притоа се истакнува дека продолжуваат активностите за подобрување на капацитетите на македонските железници.

Станува збор за вагон од серијата Bm, кој располага со 11 купеа и вкупно 66 седишта, а може да развие максимална брзина од 160 километри на час.

Сервисирањето е дел од напорите за обновување и подобрување на постојниот возен парк, со цел зголемување на расположливите капацитети за патнички железнички превоз во земјава.

CATEGORIES
Share This