УПРАВУВАЊЕ БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА – Кога возилото се конфискува трајно
Без дозвола се смета и ако никогаш не е положен испит, дозволата е одземена или постои привремена забрана

Фото: Принтскрин
Управувањето моторно возило без возачка дозвола претставува кривично дело. Според законот, Министерството за внатрешни работи (МВР), по наредба на Основното јавно обвинителство, има право да одземе такво возило.
Сите недоумици што се појавија на социјалните мрежи околу тоа дали возилата управувани без дозвола се одземаат привремено или трајно, Плусинфо ги разјаснува со информации од извор во МВР:
„Возилото може да се одземе трајно само доколку постои правосилна судска пресуда“ – појаснува изворот.
Со „управување без возачка дозвола“ се смета секој случај во кој возачот никогаш не положил возачки испит, дозволата му е трајно одземена, или возачот управува со моторно возило за време на мерка за привремена забрана за управување.
CATEGORIES Македонија

