УМЕРЕН СООБРАЌАЈ ПО ВЛАЖНИ КОЛОВОЗИ – Без подолги задржувања на граничните премини

АМСМ препорачува прилагодена брзина и внимателно управување, особено низ клисури и речни долини

УМЕРЕН СООБРАЌАЈ ПО ВЛАЖНИ КОЛОВОЗИ – Без подолги задржувања на граничните премини
Фото: Национал

Денеска (03.01.) сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози – се вели во најновата информација на Автомото сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила и за него важи сезонски режим на одвивање на сообраќајот.

Од АМСМ птсетуваат дека од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.

CATEGORIES
Share This