УМЕРЕН СООБРАЌАЈ – Ббез задержувања на граничните премини

АМСМ апелира за внимателно возење по ризичните делници

УМЕРЕН СООБРАЌАЈ – Ббез задержувања на граничните премини
Фото: Национал

Денеска (19.01.) сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози – информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сезонски режим на сообраќај важи за патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица каде од 21.11.2025 до 31.03.2026 година е затворен за сообраќај за сите видови возила.

Од АМСМ потсертуваат дека 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.

CATEGORIES
Share This