УКРАИНА СО НОВ НАПАД НА МОСКВА Русија тврди дека одбиени се сите напади
Арзамас и Џержинск, кои се наоѓаат во овој регион, се сметаат за значајни центри на руската воена индустрија.

Руската воздушна одбрана во раните утрински часови одби напад на украински беспилотни летала во близина на Москва, објави градоначалникот Сергеј Собјанин. Според него, во рок од неколку минути биле соборени два дрона кои летале кон главниот град, без да се наведат информации за штети или жртви.
Руските новински канали SHOT и Mash, повикувајќи се на локални жители, известија за бучава од летачки дронови и експлозии во Раменское, Броницки и Софино – населби југоисточно од Москва, на растојание од околу 20 километри една од друга. Во Раменское се наоѓа и московскиот аеродром Жуковски.
Во исто време, властите во регионите Воронеж и Липецк прогласија тревога поради можен напад со беспилотни летала. Украински дронови, според украински извори, го нападнале и градот Арзамас во регионот Нижни Новгород, наводно насочувајќи се кон фабрика за производство на инструменти. Локалните жители и руските медиуми потврдија дека биле слушнати неколку експлозии, но засега нема извештаи за материјална штета.
Арзамас и Џержинск, кои се наоѓаат во овој регион, се сметаат за значајни центри на руската воена индустрија.


