УКРАИНА НАЈАВИ МАСОВНО ПРОИЗВОДСТВО НА РАКЕТАТА „ФЛАМИНГО“ – неизиниот дострел е 3000 километри

Масовното производство, според најавите, треба да започне на крајот на декември или во првите месеци од следната година.

УКРАИНА НАЈАВИ МАСОВНО ПРОИЗВОДСТВО НА РАКЕТАТА „ФЛАМИНГО“ – неизиниот дострел е 3000 километри

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во изминатиот период биле спроведени успешни тестирања на новата ракета FP-5 „Фламинго“, која има дострел од 3.000 километри, пренесе агенцијата Униан.

Зеленски нагласи дека додека Украина не располага со стотици вакви ракети, „подетална дискусија за програмата не е соодветна“.

Масовното производство, според најавите, треба да започне на крајот на декември или во првите месеци од следната година.

Според воени аналитичари, ракетата „Фламинго“ е тешка шест тони, со боева глава од 1.000 килограми и распон на крилјата од шест метри. Дизајнот овозможува релативно едноставно масовно производство, иако носи и одредени технички предизвици.

CATEGORIES
Share This