УКАЖУВАЧИТЕ ПРОГОВОРИЈА – Што откри Антикорупциската

Ќе се разгледува годишниот извештај за 2025, но фокусот е на можните неправилности.

УКАЖУВАЧИТЕ ПРОГОВОРИЈА – Што откри Антикорупциската
Фото: Национал

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржи својата 30-та седница, на која ќе се разгледуваат повеќе важни точки од дневниот ред.

Меѓу нив е и Годишниот извештај за работата на ДКСК за 2025 година. Комисијата ќе дискутира и за извештајот за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, кој се однесува на периодот од 1 јануари до 31 декември 2025 година, како и за завршниот извештај за реализацијата на стратегијата во текот на целиот петгодишен циклус.

На седницата ќе се најдат и посебниот извештај за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за повторните избори во 2026 година, како и информации за постапувањето по пријави од укажувачи.

CATEGORIES
Share This