УХМР СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Денеска нестабилно време со невреме и засилен ветер

УХМР СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Денеска нестабилно време со невреме и засилен ветер

Денеска Македонија ја очекува променливо облачно време со зголемена нестабилност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На повеќе места низ државата ќе има пороен дожд, грмежи и појава на силен ветер, а дел од врнежите ќе бидат во форма на невреме со обилен пороен дожд.

Според прогнозата, утринските температури ќе се движат од 8 до 19 Целзиусови степени, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 22 и 35 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде променливо облачно, но попладне се очекува развој на нестабилна облачност со пороен дожд. Температурите во главниот град ќе се движат од минимални 15 до максимални 35 степени.

УХМР за четврток најавува слична временска состојба – променливо облачно со локална нестабилност и можност за краткотрајни врнежи и грмежи.

CATEGORIES
Share This