УЕФА СО ПОВЕЌЕ КАЗНИ ЗА БАРСЕЛОНА – Причината е инцидентот со Интер

УЕФА изрече повеќе казни за Барселона поради инциденти на реваншот против Интер во полуфиналето од Лигата на шампионите минатата сезона, јавува „Марка“.
Фудбалерите Ламине Јамал и Роберт Левандовски се казнети со по 5.000 евра за прекршување на правилата за антидопинг контрола, откако не се појавиле веднаш на предвиденото место за земање примероци по завршувањето на натпреварот.
Тренерот Ханси Флик и неговиот помошник Маркус Сорг добија еднонеделна суспензија и парична казна од по 20.000 евра за непристојно однесување на „Џузепе Меаца“.
Клубот, пак, ќе плати и две колективни казни: 5.250 евра за фрлени предмети на теренот и 2.500 евра за користење пиротехнички средства од страна на навивачите.
CATEGORIES Фудбал


