УБИСТВО ВО СТАРАТА ЧАРШИЈА Осомничениот уапсен на Косово, следи екстрадиција!

Основното јавно обвинителство во Скопје започна истражна постапка против 25-годишен турски државјанин, осомничен за убиство и обид за убиство. Случајот се случил на новогодишната ноќ во кафе бар во Старата скопска чаршија, каде осомничениот влегол во расправија со двајца други турски државјани, на возраст од 22 и 23 години.
По инцидентот, оштетените се упатиле кон плоштадот, но по неуспешните обиди да најдат такси, повторно се вратиле во близина на кафе барот. При новата средба, расправијата продолжила, а осомничениот извадил нож и му нанел смртоносни повреди на Ахмет Мерт Доган, кој починал на лице место. Исто така, со ножот му нанел повреда и на вториот оштетен, со намера да го убие.
По инцидентот, истражните органи презеле низа дејствија за собирање докази, вклучувајќи обдукција на починатиот и анализа на видео надзор. Според добиените информации, осомничениот бил пронајден во Косово, каде што е уапсен од локалните власти. Јавниот обвинител веднаш поднел предлог за притвор во отсуство и иницирал постапка за екстрадиција, со цел да се донесе пред лицето на правдата.


