УАПСЕН ВИСОК ДРЖАВЕН ФУНКЦИОНЕР Се сомничи за примање поткуп од апликант за доделување финансиска поддршка преку ИПАРД
Според првичните неофицијални информации – в.д. директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Во голема акција за борба против корупцијата е уапсен државен функционер. Според првичните неофицијални информации – в.д. директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Тој е осомничен за примање поткуп од апликант за доделување финансиска поддршка преку ИПАРД, при што биле користени одбележани пари.
Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција потврдуваат дека под нивно раководство се извршени претреси на повеќе локации низ државата поради сомнеж за коруптивни кривични дела.
CATEGORIES Македонија

