УАПСЕН 30-ГОДИШЕН БИТОЛЧАНЕЦ, Нападнал младо момче и поранешната сопруга

Според информациите, осомничениот Џ.Р. (30) во пекарница во Битола го нападнал И.Л. (25) – брат на неговата поранешна сопруга, нанесувајќи му повреди со остар предмет.

УАПСЕН 30-ГОДИШЕН БИТОЛЧАНЕЦ, Нападнал младо момче и поранешната сопруга

Полицијата во Битола уапси 30-годишен маж од селото Лера, кој синоќа околу 21:40 часот прво нападнал млад битолчанец, а потоа и својата поранешна сопруга, соопшти СВР Битола.

Според информациите, осомничениот Џ.Р. (30) во пекарница во Битола го нападнал И.Л. (25) – брат на неговата поранешна сопруга, нанесувајќи му повреди со остар предмет. По тоа, со употреба на сила ја внел во возило својата поранешна сопруга (23 години) и ја нападнал физички.

Полицијата брзо интервенирала и го лишила од слобода осомничениот. За настанот е известено Јавното обвинителство, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

CATEGORIES
Share This