ТУДОР НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ОТКАЗ Што следува за Јувентус?

Тренерот на Јувентус, Игор Тудор, се наоѓа под огромен притисок во Турин, но неговата храброст е на завидно ниво. Во пресрет на важниот натпревар против Лацио, Тудор изјави: “Не се плашам од отказ, воопшто немам тој страв. Што се однесува до иднината, не сум загрижен. Искрено, уживам, добро се снаоѓам во потешкотиите, сè ми е многу јасно и ми дава сила.”
По неколку неуспешни натпревари, вклучувајќи порази од Кому и Реал, Јувентус не влегува во овој натпревар со оптимизам. Тудор, сепак, останува фокусиран на целта: “Се чувствувам одлично. Осеќајот по натпреварот во Мадрид е позитивен, иако изгубивме. Постојат желби за работа, да бидеме единствени и да се обидеме да победиме.”
Сепак, атмосферата околу клубот не е најдобра. Најверните навивачи на Јувентус одлучија да го бојкотираат натпреварот во Рим поради, како што велат, лошата распределба на билети за гостувањето против Реал на “Сантијаго Бернабеу”. Оваа одлука дополнително ја комплицира ситуацијата за Тудор, кој се наоѓа во центарот на вниманието.
Како што се приближува натпреварот, прашањето е: дали Тудор ќе успее да ја врати довербата на навивачите и да ја спаси својата позиција? Времето ќе покаже, но за сега, тој останува непоколеблив во својата решеност.


