ТРИЕСЕТИНА ПОВРЕДЕНИ СЕ ЛЕКУВААТ ВО КОЧАНСКАТА БОЛНИЦА Денеска се враќаат осум пациенти од Турција, Бугарија и Словенија
Министерството за здравство соопшти дека денеска се враќаат уште осум повредени од странство, а 18 остануваат на лекување надвор од земјата.

Во Кочанската општа болница третата седмица се спроведува рехабилитација на триесетина млади пациенти повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“, што се случи на 16 март и однесе 62 животи, додека 193 лица беа повредени.
Пациентите се третираат за изгореници, повреди на мускулите и дишни потешкотии на одделите за неврологија, хирургија и во посебно опремена сала, со поддршка од физиотерапевти и тројца физијатри. Сите се во стабилна состојба.
Во функција е ставена и хипербарна комора, донација преку иницијативата „Супорт Кочани“, со која се овозможува побрзо заздравување на кожата и телото по интоксикација од чад.
Министерството за здравство соопшти дека денеска се враќаат уште осум повредени од странство, а 18 остануваат на лекување надвор од земјата.


