ТРИ АКТИВНИ ПОЖАРИ ВО ЗЕМЈАВА Во Прилеп, Македонски Брод и Чашка

Според ЦУК, моментално нема активен пламен, туку чад кој се шири низ карпест терен.

ТРИ АКТИВНИ ПОЖАРИ ВО ЗЕМЈАВА Во Прилеп, Македонски Брод и Чашка
Фото: Принтскрин

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 8 часот утринава на територијата на државата се регистрирани три активни пожари.

Во прилепското село Бешиште гори приземна квалитетна мешана шума.

Во селото Црешнево, во месноста Церо Поле, општина Македонски Брод, активен е пожар во деградирана дабова шума и ниска вегетација.

Во општина Чашка, под Солунска Глава, на потегот помеѓу Изворите на Бабуна и Бабина Дупка, евидентиран е шумски пожар. Според ЦУК, моментално нема активен пламен, туку чад кој се шири низ карпест терен.

CATEGORIES
TAGS
Share This